Во оваа земја казната е 275 евра доколку возите и зборите на телефон

ОБЈАВЕНО НА:

Користењето на мобилен телефон е забрането во сите европски земји. Во некои од нив забрането и разговарањето со помош на хендс-фри технологија.

Секое прекршување се санкционира парично, а при тоа најскапо ќе ве чини во Романија и тоа 275 евра. Над 200 евра е предвидена казна и во Холандија (230 евра), Велика Британија (220 евра), Данска (202 евра) и Шпанија (200 евра).

Неколку просечни македонски дневници ќе треба да платите како казна доколку ве фатат и во Италија (160 евра), Шведска (144 евра), Франција (135 евра), Словенија (120 евра), Норвешка (119 евра), Белгија (100 евра)…

Од друга страна доколку бидете фатени во Грузија ќе треба да платите 3 евра, во Ерменија ќе треба да платите само 5 евра, во Албанија само 8 евра, во Белорусија казната изнесува 18 евра.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK