Тизер од новиот тркачки автомобил на Lamborghini (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога фокусот на светската јавност е насочен кон коронавирусот, Lamborghini објави видео со кое се обиде да го подигне адреналинот.

Станува збор за видео на кое е прикажана најновата спортска креација на Lamborghini изработена од страна на дивизјата Squadra Corse.

Новиот тркачки автомобил располага со 6,5 литарски V12 мотор чија моќност изнесува 830 КС кој доаѓа со шестстепен Xtrac секвенцијален менувач.

Производството на овој автомобил ќе започне следната година, а доколку планирате да го купите покрај многу пари ќе ви биде потребна и многу среќа бидејќи ќе бидат произведени само 40 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK