Во Франција забрането користење мобилен, дури и ако сте паркирани

ОБЈАВЕНО НА:

Патните несреќи во Франција бележат зголемување што беше аларам за властите да воведат подрастични мерки – целосна забрана за употреба на мобилни уреди. Со одлука на Врховниот суд на возачите веќе не е дозволено да ги користат своите телефони дури и кога ти не се движат. Притоа не е дозволено нивно користење ниту во моменти кога вие би застанале на страна на патот, за потоа да може да зборувате.

Новото правило се применува на сите јавни патишта во земјата, а неговото прекршување може да ве чини глоба од 135 евра за возач.

Според правилата, ако некој сака да разговорара или да напише порака, тој мора да се паркира на посебно одредено место. Исклучоците се дозволени само во несреќи.

Франција е позната како место каде што има „лудо возење“. Пред извесно време властите воведоа нови закони во обид да ги намалат несреќите. Неодамна, на пример, е воведено ново ограничување при движење на двонасочен пат – дозволената брзина е намалена од 90 на 80 км/ч.