Најскапиот судар – Ferrari F50 и Ferrari 488

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави видео од сообраќајна несреќа во која учествуваа два Ferrari автомобили – F50 и 488 Pista.

Во рамките на овогодинешниот традиционален настан Cavalcade кој всушност претставува собир на сопствениците на Ferrari во италијанското монденско место Капри, двајца невнимателни сопственици се судрија предизвикувајќи материјална штета.

Имено возачот на моделот F50 наеднаш застана на улицата со цел да се поздрави со љубопитните гледачи, а во тој момент отпозади го удри возач со Ferrari 488 Pista.

Вкупната пазарна вредност на двата автомобили се движи помеѓу 1 и 2 милиони евра, па оттука овој настан италијанските медиуми веднаш го етикетираа како најскапата сообраќајна несреќа во земјата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK