Ford привремено ја прекина продажбата на Mustang Mach-E

ОБЈАВЕНО НА:

Американската компанијата побара од дилерите привремено да ја прекинат продажбата на Mustang Mach-E, а исто така најави и повлекување на повеќе од 49.000 автомобили. CNBC прецизира дека ова се модели Mustang Mach-E, произведени помеѓу 27 мај 2020 година и 24 мај 2022 година во фабриката во Куаутитлан, Мексико.

Иако Ford Mustang Mach-E релативно нов модел во гамата на марката, има проблем: постои ризик од прегревање на батеријата и нагло губење на енергија.

За време на брзото полнење или ако возачот активно забрзува, главните контакти на високонапонската батерија може да се прегреат. Ако се отвори прегреан контактор додека возите, тоа ќе резултира со губење на моќноста, што ќе го зголеми ризикот од несреќа. Од Ford објаснуваат дека проблемот е решен со ажурирање на софтверот. Според известувањето за повлекување поднесено до Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД (NHTSA), 48.924 Ford Mustang Mach-E продадени во САД се предмет на повлекување.

Ова не е прв дефект пронајден кај моделот. Лани се покажа дека шофершајбните не се правилно поправени, а имаше и проблеми со дихтувањето на панорамските покриви.

Поради оваа причина, во сервисите беа испратени 30.000 автомобили. И во мај годинава беше повлечена серија од 400 електрични автомобили, кои спонтано забрзаа поради софтверска грешка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK