Mercedes-Benz Sprinter наполни 25 години (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кон крајот на март, Sprinter на Mercedes-Benz одбележува 25 години од своето присуство на пазарот. Почетокот беше со специјално организиран настан со учество на 500 претставици, кои го поминаа растојанието до салоните на брендот директно од фабриката во Дизелдорф.

Од Mercedes-Benz акцентот го ставаат на успешното бизнис претставување на својот модел низ годините, а посочуваат дека тој бил пионерски во голем дел од работите почнувајќи од воведувањето на диск сопирачките како на предните така и на задните тркала, интергрирањето на системите за антиблокирачките сопирачки, оптимизирање на аеродинамиката и друго.

Од Mercedes-Benz исто така посочуваат дека Sprinter бил и продолжуа да биде една исклучително модулна платформа, која може да биде надградена според специфична апликација или според барање на корисниците. Поради таа причина, од компанијата ја произведуваат прата генерација на моделот до 2006 година, откако во 2000-тата година многуфункционалниот автомобил преминува преку фејслифт. Во ноември во 2003 година во Диселдорф е склопен неговиот претставник со реден број 1.000.000, а во септември на специјалниот саем во Хановер дебитираше неговата прва верзија со пренос на четири тркала.

Третата генеравија на Mercedes-Benz Sprinter се појави во 2018 година кога првпат во историјата на моделот, компанијата го предложи како во верзија со заден пренос, така и со пренос на четири тркала. Сепак, исто така и со пренос на предните тркала.

Сериозен акцент во историјата на Sprinter е ставен и на неговата целосно електрична верзија eSprinter, која беше претставена во декември минатата година. Електромобилот ќе се нуди на пазарот со електромотор со моќност од 116 коњски сили, преден пренос и избор меѓу два вида на батерии од 47 kWh и 35 kWh.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK