Lexus е, ама нема крилја – целосно го искрши возилото на нелегелна трка (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возач на Lexus RX буквално полета за време на нелегална драг трка во Флорида, минатиот викенд. Снимката која се појави на YouTube, а е снимана од домашна камера го покажува овој страотен момент. На снимката се гледа како возачот подолго време вози надвор од левиот раб на улицата по што во еден момент губи контрола, удира во една пречка, полетува во воздух и паѓа на кров.

И покрај страотниот судар и пад, во несреќата возачот се здоби со мали повреди, бил однесен во болница со неколку скршени ребра. Возилото било речиси целосно уништено и здробено. Според очевидец на настанот – тој бил многу изненаден што и покрај таквиот удар возачот излегол од возилото без посериозни повреди.

Полицијата се уште не утврдила која е причината за тркањето на двајцата возачи и дали воопшто тие биле свесни за можните последици.

Затоа не треба да се вози брзо и неодговорно. Овој возач имал среќа, но неодговорното возење може да донесе и последици кои ќе ве следат цел живот.

Памет у глава…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK