Новата Astra сепак кон крајот на следната година

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на новата Corsa, целокупниот фокус на Opel сега е насочен кон новата Astra. Иако претходно беше најавено дека ќе биде премиерно претставена во 2021 година, сепак, последните информации говорат дека тоа ќе се случи веќе следната година.

Во однос на моторите, овој модел ќе ги има во целост развиените од PSA мотори. Се шпекулира дека новитет на постоечката понуда на мотори ќе биде бензинскиот мотор со 81 kW односно 108 КС како и уште еден бензински мотор со 162 kW односно 217 КС. Во понудата на оваа генерација ќе се наоѓаат и дизел мотори кои ќе продуцираат од 99 КС до 177 КС.

Astra L како што ќе биде официјалниот назив, ќе се темели на EMP2 платформата, развиена од страна на PSA Групацијата, а која се користи кај Opel Grandland X како и Citroen C5 Aircross, Peugeot 508, Opel Combo E, DS 7 Crossback, Peugeot 3008 како и кај уште неколку модели од PSA Групацијата.

Премиерата на овој модел ќе се случи следната година на некој од саемите во Европа. Во продажба се очекува да биде пуштен кон крајот на следната година, но не подоцна од првиот квартал 2021 година. Со овој модел како и новиот Peugeot 308, PSA Групацијата се надева дека ќе успее да им парира на Volkswagen Групацијата и новите Seat Leon и VW Golf.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK