Како бојата влијае во сообраќајот: Поживи бои, помалку несреќи!

ОБЈАВЕНО НА:

Бојата на автомобилите некогаш знае да биде многу важна при изборот каков автомобил ќе се купи, но истата според некои истражувања има и поинаква улога.

Постои теза дека сините автомобили учествуваат во повеќе сообраќајни несреќи од жолтите, а истата е научна, едноставна и логична. Поставена е од страна на истражувачите од Државниот универзитет во Сингапур. Според анализата направена кај 3341 возач на такси компанијата во Сингапур кои возеле сини и жолти автомобили.

Возачите во жолти такси автомобили имале шестпати помалку несреќи во три години отколку оние со сини такси возила иако поминале сличен број на километри. А причината? Бојата на возилото!

Особено во текот на ноќта жолтите такси возила се многу повоочливи отколку сините, па  и времето за реакција на другите возачи е многу пократко кога ќе се најде во ситуација да мора да се избегне такво возило или едноставно ќе го види на автопат при вртење, претекнување…

Значи, автомобили со живи бои би можеле да ве спасат од несреќи. Понекогаш не е убаво да бидат видени на патиштата, но се многу поефективни.