Возите еколошки и Fiаt ќе ве награди со 150 евра на 10.000 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на минатата година Fiаt ја претстави новата генерација на еден од најпопуларните модели 500, а сега од компанијата објавија дека ќе го наградат секој возач, кој вози еколошки. За таа цел ќе биде искористена криптовалутата KiriСоins, a итaлијaнcкaтa кoмпaнија ќе работи заедно со Kiri Tесhnоlоgiеs.

За да добиете KiriСоins, единственото нешто кое е потребно е да поседувате електричен 500 и да возите на тој начин што ќе се грижите за природата.

Сите податоци односно брзината, забрзувањето и километражата се прикачуваат на специјален облак, а апликацијата развиена од Kiri Tесhnоlоgiеs ќе пресмета каква криптовалута сте „заработиле“.

Од Fiаt споделуваат дека секој еден километар, кој сте го поминале е еднаков на еден KiriСоin. Тој од своја страна има вредност од околу 2 центи. Во пракса значи, дека ако годишно возите околу 10.000 километри може да заработите околу 150 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK