Volkswagen ќе прави и електрични тротинети

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот концерн од Германија, Volkswagen го освојува пазарот и со кинеската старт-ап компанија има намера да произведува електрични тротинети. Се работи за пазар на кој има и други произведувачи на автомобили, како што е BMW кој веќе го произведува овој вид на превозни средства.

Volkswagen сака да профитира од сè попопуларните електрични тротинети и да влезе на пазарот на „микромобилност“. Според информациите Volkswagen во производството на електричните тротинети влегува со кинеската старт-ап компанија NIU.

Овие компании сакаат да го произведуваат моделот „Стритмејт“ (Streetmate), кој беше претставен на минатогодишниот саем на автомобили во Женева. Електричниот тротинет ќе достигнува брзина од 45 км/ч и ќе може да прејде максимално 60 километри со полни батерии.

Volkswagen очекува многу од влегувањето на пазарот на електричните тротинети и проценува дека до 2030 година пазарот на електрични превозни средства ќе достигне обем од околу 450 милијарди евра од што една третина ќе биде во Европа.

Што се однесува до нивниот партнер, NIU е искусна компанија бидејќи се работи за фирма основана пред пет години која досега испорача 640.000 електрични тротинети. Во Кина NIU држи околу 40 проценти од пазарот.

Во Германија, уште нема генерално одобрување за електрични тротинети, а за одобрение има „караница“ меѓу државата и покраините. Во другите земи меѓу кои е и САД, тротинетите на струја се веќе официјално одобрени и многу омилени кај граѓаните за преминување на кратки релации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK