McLaren F1 LM продаден за 19,8 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарниот автомобил McLaren F1 LM од 1995 година е продаден за неверојатни 19,8 милиони американски долари на организираната аукција.

Аукцијата ја спроведе RM Sotheby’s, компанија која е позната по организирањето на аукции на кои се продаваат ретки автомобили. Сепак ова е и не толку добар дил бидејќи се очекуваше автомобилот да биде продаден за 23 милиони долари.

Овој автомобил кој располага со 6.1 литарски V12 мотор и продуцира максимални 680 КС, е само еден од петте произведени автомобили во 1995 година.

Самиот автомобил има поминато 21.488 километри, а бил возен во Нов Зеланд, Сингапур и Велика Британија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK