Skoda Enyaq iV официјален превозник на СП во хокеј

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од минатата година чешкиот производител Skoda потпиша спонзорски договор со IIHF (Меѓународна Хокејарск Федерација) за спонзорирање на Светското првенство кое требаше да се одржи минатата година.

Истото, поради коронавирусот беше преместено за оваа година, а сега, чешкиот производител објави дека на организаторот на располагање ќе му достави 45 примероци од целосно електричниот Enyaq iV модел.

Skoda е по 29-ти пат официјален спонзор, но за прв пат во историјата ќе воведе електрични возила во флотата.

Светскиот шампионат започнува на 21 мај во Латвија, а ќе трае се до 6 јуни. Бранител на шампионската титула е Финска која во финалето во 2019 година ја совлада репрезентацијата на Канада.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK