Toyota патентираше проѕирни предни столбови

ОБЈАВЕНО НА:

Северноамериканскиот оддел на Toyota поднесе барање за патент за проѕирни предни столбови на покривот на автомобилот, кои овозможуваат да се прошири преглед на возачот и да се избегнат мртвите зони создавани од столбовите.

Јапонците предлагаат наместо со скапите комплето од камери, местата со мртви зони да се отстранат со помош на систем од проѕирни огледала. Тие ќе го проектираат она што е скриено од очите на возачот од столбовите и столбовите ќе бидат покриени со специјален светлосен и рефлектирачки материјал во внатрешноста на автомобилот. Така, новиот систем на огледало ќе му овозможи на возачот да види сè што се случува пред него.

Идејата за создавање “транспарентни” делови за автомобили не е нова. Компанијата Jaguar Land Rover, на пример, покажа “транспарентна” хауба, дозволувајќи им да се гледа што се случува во мртвата зона пред колата и под неа. Оваа опција беше претставен од JLR во 2014 година и користеше слики од камери, и проекција на посебен дисплеј во внатрешноста на возилото.

Засега овие технологии остануваат како патент, но се интересни и можеби наскоро ќе ги видеме применети во сериските автомобили.