СОВЕТИ: Со велосипед преку зима – важно е да биде видлив!

ОБЈАВЕНО НА:

Велосипедистите се категoријата на учесници во сообраќајот, меѓу кои има доста заразени од вртењето на педали, кои не запираат да возат и преку зима. Темната студена сезона, сепак, е особено опасна за нив. Статистиката покажува дека речиси секоја петта несреќа со велосипедистите се случува во самрак или во мрак. Затоа е многу важно велосипедистите да гарантираат дека се добро видливи на патот.

Бројките се алармантни – над 16.000 велосипедисти се повредени во несреќи при самрак или во мрак во 2019 година во Германија. Според официјалната статистика околу 3.000 лица од нив имаат сериозни повреди, а 89 починале. Главните несреќи биле во изградбени области, каде се случиле 90 проценти од несреќите.

Светлината од уличните светилки, неонските табли или излозите на продавниците не е доволна во мрак и самрак за да можат велосипедистите да бидат препознаени доволно рано, особено од возачите. Со други зборови – без сопствени извори на светлина и рефлектори, велосипедистите се изложени на голема опасност во мрак.

Во интерес на нивната сопствена безбедност велосипедистите треба да гарантираат дека како дополнување кон задолжителнта опрема за пасивно осветлување како што се ретро рефлектори, активни фарови и задни светла се достапни и работат.

Важен фактор за безбедност при возење велосипед не само преку зима, но тогаш особено важен е привлекувањето внимание од облеката со висок контраст со елеците  што рефлектираат светлина. Искуството покажа дека толку едноставно, но многу ефективно нешто е да се облече рефлектирачки елек и тоа задолжително, на пример во додатоците за секој автомобил.

Како фар на тркалото се препорачува силна LED светлина, која се гледа оддалеку и во исто време добро го осветлува патот. Современите системи за осветлување навелосипеди имаат и дополнителни функции како што се дневни и долги светла. За да се избегне заслепување на другите LED светлината не треба да биде насочена премногу високо, што лесно може да се провери на вратата од гаражата или ѕидот на куќата.

Светилките што се напојуват од батерии или акумулатор, а не од динамо имаат предност бидејќи емитуваат светлина и дури кога тркалото е неподвижно и го прават исчекувањето на раскрсница побезопасно. Сепак, велосипедистите не треба да заборават да ги наполнат редовно или да имаат резервни батерии во чантичката за додатоци на тркалото. За разлика од нив, системите со динамо имаат непобедлива предност – секогаш ги имате со вас на велосипед и обезбедуваат светлина без дополнителен извор на енергија.

Уживајте при возењето, но внимавајте и на безбедноста..

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK