ЕУ ќе носи носи правила за безбедност на патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Европската унија до крајот на 2017 година ќе ги ревидира правилата за безбедност на возилата и камионите по бројните кампањи и граѓански притисоци да се намали бројот на жртви во сообраќајки со вклучување на технологии кои го прават возилото побезбедно уште во процесот на производство.

Драфтот со иницијативи кои треба да се усвојат во текот на оваа година предвидуваат и преглед на актуелната регулатива за безбедност на возилата, која нема претрпено промени од 2009 година.

Во 2016 година, во сообраќајки загинаа 25,5 илјади лица, што е за 2 проценти помалку од претходната година, а таргетот на ЕУ е да го преполови бројот на жртви во периодот од 2010 и 2020 година, но предизвикот да се постигне оваа цел е исклучително голем.

Граѓанските иницијативи бараат подобрување на видливоста на камионите за да се намалат слепите точки преку камери и системи за набљудување што годишно може да спаси стотици животи, зашто возачите полесно ќе ги забележуваат и пешачите, велосипедистите и мотористите.

Само ЕУ може да ги направи безбедносните технологии задолжителни за новите возила, потикнувајќи осум европски министри во февруари годинава писмено да се обратат до Комисијата со предлог да се забрза подготовката на прегледот и да се поднесе предлог пред да заврши 2017 година.

Технологиите за безбедност може да вклучат и интелигентен помошник за брзина, како и автономен систем за итно кочење.

„ЕУ има ексклузивна моќ да ги имплементира правилата за безбедност и да овозможи иновации и на пазарот со камиони, кој заостанува зад развојот на автомобилите во однос на безбедноста. Во меѓувреме, слепите точки на денешните камиони со застарени модели годишно убиваат стотици велосипедисти и пешаци“, вели Стеф Корнелис од граѓанската иницијатива Транспорт и животна средина.

Според драфтот, Европската комисија за првпат ќе ја поврзе висината на патарината која мотористите ја плаќаат со емисијата на CO2 од возилата кои ги управуваат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK