Како да гo дезинфицирате автомобилот, а да не го оштетите ентериерот?

ОБЈАВЕНО НА:

Миењето на рацете и чистењето и дезинфекцијата на површините кои често се допираат се два најдобри начини за одбрана од ширењето од корона вирусот. Ова веќе сите го знаат и препорачуваат во секојдневието. Со оглед на тоа што Covid-19 и понатаму се шири, веројатно веќе ја научивте правилната техника за миење на рацете и научивте кои средства за чистење во домаќинството можат да го уништат корон вирусот.

Затоа е добро да се знаат неколку совети за тоа како да се уништат вирусите во автомобилот. Него се почесто го користиме бидејќи е единствено превозно средтсво со кое можеме самите да се превеземе од едно до друго место.

Но, како да го чистиме автомобилот? Што со внатрешноста на автомобилот?

Ако вие или некој друг кој бил во вашиот автомобил има симптоми на болеста би требало да ги исчистите сите површини кои може да се допрат вклучувајќи ги воланот, рачките на вратите, рачката на менувачот, сите копчиња и тач-скрин екраните, копчињата за бришачите и трепкачите, потпирачите за раце на патниците и возачот, рачките за фаќање и подесување на седиштата.

Ако сте возач на такси или превезувате многу патници, возите изнајмен или заеднички автомобил или ако живеете некаде каде што има многу позитивни случаи на вирусот редовно чистење на овие површини е задолжително. Внатрешноста на автомобилот е помалку издржлива од да речеме кујната или од лавабото во бањата. Затоа е важно да се знае, како да ги заштите површините без оштетување?

Со неколку исклучоци, многу средства кои ги користите за чистење во домаќинството, а кои ги убиваат вирусите на тврдите површини исто така можат да го исчистат автомобилот без оштетувње на неговата внатрешност. Веројатно некои од овие производи веќе ги имате дома. Раствор на алкохол кој содржи најмалку 70% алкохол е ефикасен против вирусот. Во најголемиот дел речиси секоја внатрешна површина на возилото може да се исчисти со изопропилен алкохол.

„Yanfeng“ е најголемиот светски доставувач на внатрешни делови за автомобили и соработува со речиси сите главни произведувачи на автомобили. Ако некогаш сте биле во автомобил, веројатно сте видели или допреле нешто што е направено во „Yanfeng“. И тие користат изопропил алкохол за чистење на делови во сопствените фабрики.

Сите производи на компанијата од пластични украси од обоен хром до имитација на кожа, се тестирни за да се обезбеди дека не се разградуваат кога се изложени на чист изопропил алкохол. Дури е можно да се исчисти и тапацирот со триење со мека крпа натопена во алкохол. Сепак, што и да правите, немојте да користите избелувач или вородод пероксид во внатрешноста на автомобилот. Иако можат да ги убијат вирусите на површина, веројатно ќе го уништи тапацирот на вашиот автомобил. Не користете средства за чистење на база на амонијак на автомобилските екрани кои се чувствителни на допир бидејќи можат даги оштетат неговите облоги против сјај и отпечатоци на прсти.

Сапун и вода

Силно миење со сапун и вода исто така може да го уништи вирусот. Тој има заштитна облога која му помога да ги зарази другите ќелии, а уништувањето на таа облога може ефикасно да се разоружа.

Ако сакате да направите најдобро со она што го имате, па дури и сапун и вода можат да го отстранат ризикот. Тие се исто така безбедни за поголемиот дел од ентериерот на автомобилите особено за ткаенини и постара кожа која можеби веќе почнала и да пука. Само бидете сигурни дека не притискате премногу.

Кожа и имитација на кожа во автомобилите главно имаат уретански навлаки за заштита, кои е безбедно да ги исчистите со алкохол. Меѓутоа, кожата е главно обоена, а премногу интензивното чистење може да ја извади бојата.

Доколку вашиот автомобил има навлаки од ткаенина, тогаш не треба да ги чистите со премногу вода или премногу сапун. Покрај тоа, ако ткаенината ја натопите до сунѓерот кој е под неа, тоа би можело да создаде непријатна миризба или да го поттикнете растот на мувлата. Место тоа, се препорачува лесно чистење на ткаенината со мала количина на вода и детергент за алишта.

Микрофибер крпи

Препораките се сите површини да се чистат со микрофибер крпи бидејќи тие се направени од ткаенина која се состои од ситни делови кои фаќаат и бришат честички прашина и нечистотија пред тие да ја изгребат нежната или сјајната пластична површина. За споредба, нечистотијата од вашиот автомобил може да се залеши и на хартиените салфетки и да се изгребе површината на автомобилот како да се работи за шмиргла.

Откако ќе завршите со чистење не заборавајте да ги измиете рацете пред и после возењето. Оваа добра навика треба да ја одржувате без оглед на актуелната пандемија на коронавирусот бидејќи на тој начин ќе го заштитите вашиот волан и другите површони кои често ги допирате во автомобилот.