Michelin ја тестираше гумата без воздух – во продажба во 2024 година (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Michelin проценува дека околу 20% од гумите се фрлаат секоја година поради пукање или неправилно абење. Сега тоа ќе се смени во голема мера.

Најголемиот проблем со гумите на автомобилите е што тие можат да се дупнат и да воздухот да издише. Тогаш имате ситуација која треба да решите, или да ја смените резерната гума, или да повиката шлеп служба. Но, тоа во иднина веројатно ќе биде променето откако во комерцијална употреба ќе се појави гумата на Michelin која под името Unique Puncture-proof Tire System (Uptis). Taa e отпорна на бушење.

По неколкугодишно истражување и развој и тестирање во затворени подрачја, Michelin jа тестираше својата револуционерна гума за автомобил без воздух, за прв пат на јавни патишта. За овие потреби, гумите Uptis беа поставени на Mini Electric и беа изведени првите возења во јавноста.

Гумите Uptis, се уште се во фаза на прототип, го привлекоа вниманието на многу минувачи и посетители на IAA Mobility. Нивната „чудна“ потпорна структура, која го заменува воздухот од обичните гуми, остава силен впечаток кај секој што гледа ваква гума, бидејќи тоа е навистина необична глетка. Патниците кои се качија на електричниот Mini со овие револуционерни гуми, и покрај првичната претпазливост, рекоа дека не забележале никаква разлика во возењето од возењето со пневматски гуми.

Чест прв да сними видео за новата гума доби јутјуберот Mr.JWW кој разговараше и со Сирил Роге, директорот за односи со јавност во Michelin.

Michelin ќе ја лансира серијата гуми Uptis на продажба најверојатно во 2024 година. Нивната цел е да спречат дупчење na гумиte со нов дизајн, но и да придонесат за зачувување на животната средина со користење одржливи материјали.

Предностите на таквите гуми во однос на сегашните гуми е фактот што се отпорни на пукање, односно не можат да дупнат. Исто така, возачот не треба да се грижи за одржување на точниот притисок во нив, ниту пак ќе се носи нерамномерно поради несоодветен притисок.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK