Лесно е кога имаш идеја: Англиски пар претворија двокатен автобус во дом

ОБЈАВЕНО НА:

Често се среќаваат различни приказни за претворање на возила во домови за живеење. Сите нудат удобност за живот, но и за транспорт. Ова е можеби првпат двокатен автобус да биде претворен во дом за живеење. Истиот засега е статичен, но можеби ќе дојде и идејата да може да се движи.

Овој неверојатен автобус е идеја на Лук Вокер и Чарли МекВикар. Тие живеат во Велика Британија и откако живееле бурен живот, решиле да се сместат на едно место. Според MyJournal.com, овој пар не сакал да ги троши парите за изнајмен стан или да се занимава со кредити, па затоа станале креативни.

Нормално, моторниот дом треба да може да ве однесе таму каде што сакате да одите, но во случајот со овој автобус посебен акцент е ставен на внатрешноста, така што парот може среќно и долго да живее таму секако во добро расположение. Кога го нашле овој автобус на Volvo за само 3.500 долари, не се двоумелe ниту секунда и почнале да го реализираа својот план.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @doubledeckerhome

Автобусот се уште изгледа како лондонски двокатен автобус. Но, ако влезете внатре, ќе бидете изненадени од неговиот распоред.

Првиот кат вклучува целосна кујна со трпезариска маса и машина за перење паметно инсталирана во кујната. Крајот на автобусот служи како дневна, а тука е и местото каде што ќе најдете шпорет на дрва што ќе ве загрее во студените ноќи. Целиот кат е отворен, правејќи го просторот да се чувствува поголем отколку што навистина е, освен половина бања со тоалет и мијалник сместен на средина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @doubledeckerhome

Бањата со целосна големина се наоѓа горе во главната спална соба. Вклучува мебел што е направен по нарачка за да одговара на различните необичности на дизајнот на автобусот. Се разбира, сите подови и страничните sидови се преуредени за да се создаде светла и неутрална атмосфера

Што се однесува до напојувањето, автобусот всушност се наоѓа на земја во Есекс и во моментов е поврзан со стандардната електрична мрежа. Водата и природниот гас се исто така поврзани, што го прави овој автобус вистински дом на тркала. Тоа исто така значи дека Лук и Чарли не можат само да скокаат зад воланот за да тргнат на пат без да вложат дополнителен напор, дури и ако автобусот е се уште во работна состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @doubledeckerhome

Во меѓувреме, овој пар ја споделува својата рутина за живот во автобус преку Инстаграм. Градежните работи биле значителни, но со само 21.000 долари инвестирани досега, ова е куќа која има стил и не ги чинеше премногу.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK