Кога возрасните треба да се откажат од возење автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу возрасни лица се подвижни и секојдневно излегуваа надвор или одат да пазаруваат со сопствен автомобил особено сега кога владее пандемија на коронавирусот со цел да го минимизираат ризикот од инфекција. Сепак, некои од нив ги преценуваат сопствените возачки способности за годините особено кога станува реакција и видик.

Затоа и многу често кога ќе видите некој возрасен во автомобил сметате дека можеби и не треба да вози, со оглед на неговите години. Во Македонија возачка дозвола може да му се издаде и на лице кое има 75 години. Според Законот за безбедност на патиштата и сообраќајот, на лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 70 години возраст, возачка дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 75 години возраст.

Секој, кој се чувствува несигурен за време на возење или дури бил прашан за недостаток на неговите вештини, прво треба да го посети матичниот лекар и да го праша за возачките способности. По правило матичниот лекар ги познава своите пациенти и може да даде добра оценка за способност за возење.

Друга варијанта е за време на проверката за визичките способности, експертите да погледнат одблизу и да проверат дали сте способни за управување со автомобил.

Доколку експертите советуваат да не користите автомобил, тогаш вистинско време е да побарате алтернатива за управување на сопствениот автомобил. Независно од тоа дека нема да го користите, слободниот или самоопределен начин на живот дома е сè уште можен.

Експертите од Гермснки TÜV посочуваат три ризик фактори, со кои возачите треба да ги имаат предвид. Навистина, повозрасните возачи можат да имаат сериозно искуство, но исто така можат брзо да бидат под стрес од сложени ситуации на патот. Тие се заморуваат побрзо, а перфектниот вид е поограничен. Неочекуваната ситуација во сообраќајот може брзо да стане опасна поради проблемите со ориентацијата или недостатокот на одговарачка реакција.

Секој учесник во движењето треба да дејствува одговорно во согласност со сопствените интереси и во интерес на другите. Затоа повеќе не треба да седи зад воланот, доколку веќе има дефицит во вештината зад воланот.

Доколку почувствувате дека веќе не сте оној „стариот“ подобро е да го оставите автомобилот и да користите други алтернативни средства за превоз. Тоа е добро за сопствената безбедност, но и на другите учесници во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK