Кога многу го сакаш автомобилот – правиш и глупост (Фото/видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Љубовта кон автомобилот се изразува на најразлични начини. Некои ги сметаат за симпатични, а некои за „глупост“. Но, кога нешто сакаш тогаш и ја забораваш границата на „нормалното“.

Веројатно зачудувачки е изгледот на оваа „Лада ВАЗ-2101“, сопственост на Георгиј Магаков. Таа е уникатна на руските патишта. Сопственикот на оваа копија од првиот модел на советската фабрика го покри своето милениче со дури 10 теписи, а му беа потребни повеќе од два месеци да ги купи преку интернет.

Штом ќе го видат, многумина прво размислуваат како таков стар автомобил се справува со натопените теписи за време на дождливите денови. Георгиј посочува дека ваквите проблеми лесно се решаваат.

„ Сите се плашат дека автомобилот ќе помине лошо на дожд. Возев до Санкт Петербург, цело време на дожд. Автомобилот беше целосно натопен. Кабина полна со вода. Но, потрошувачката беше само 10 литри. Дојдов во Санкт Петербург, ги тресев теписите и тоа е тоа! – искрено одговори Русинот.

Оваа Лада во „футрола“ од тепих е вистински хит на социјалните мрежи и многумина сакаат да се сликаат покрај такво невообичаено дизајнирано возило надвор и внатре.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK