Виктор Давидовски и PSS викендов на TCR Europe трка во Италија

ОБЈАВЕНО НА:

Откако поради Ковид-19 и ограничувањата што постојат за патувања во Европа нашиот возач Виктор Давидовски викендов првпат сезонава ќе вози во најсилното европско натпреварување со автомобили – TCR Europe.

Тимот на PSS е веќе во Италија и ќе биде дел од трките кои ќе се одржат овој викенд (25-27.09.) на патеката Монца.

На патеката Пол Рикар на крајот на август тимот на PSS беше претставуван од резервниот возач Нестор Џиролами кој во последен момент седна во автомобилот на PSS Racing и имаше одличен викенд. Прво беше петтопласиран во саботата, а во неделата се искачи на второто место за 1-2 триумф на Honda. Тоа е најдобат успех на тимот.

Сега во Италија ќе вози и Виктор Давидовски кому ова ќе му биде трета сезона во TCR Europe што е најсилното натпреварување во моментов во Европа. Првпат имаме и македонски тим што треба да биде дел од сите трки што само го потврдува квалитетот што го поседуваме и големата желба, мотивираност и пред се посветеност да се биде дел од едно вакво натпреварување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK