Итри измамници: Печателе лажни билети за паркирање и собирале пари

ОБЈАВЕНО НА:

Измамниците секогаш наоѓаат начин како да дојдат до недозволена заработка, и нивните методи се некогаш интересни. Веќе нема потреба од клучеви, шрафцигери..сега доволно е да имате идеја, ум, компјутер и хартија..

Така, во Мадрид измамниците решиле да испечатат лажни казни за паркирање и да ги натераат возачите да го платат износот на казната на нивната сметка.

Градскиот совет на Мадрид ги предупредува граѓаните за парчиња хартија што може да ги најдат залепени на бришачите на шофершајбната. Досега во областа Карабанчел се откриени неколку вакви примероци.

На предната страна на хартијата во насловот стои логото на градскиот совет, објаснување за наводниот прекршок, прекршената регулатива, висината на казната, износот со одбиток за брзо плаќање, QR код и референца.

Интересно е што кодот укажува на страницата на градскиот совет за плаќање казни, но градскиот совет предупредува дека ниту една наредба за прекршување издадена од општинската полиција или која било друга служба задолжена за контрола на паркирањето во Мадрид не содржи QR кодови.

Градскиот совет ги советува граѓаните кои ќе ја најдат оваа „казна“ на своето возило, во никој случај да не го скенираат споменатиот QR код, бидејќи тоа очигледно води кон сметка на измамници.

Како што велат, известувањето за казна најчесто се испраќа по препорачана пошта или електронска пошта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK