Интернетот го прави своето: Купувањето на автомобили станува дигитално

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето на користени автомобили станува сè повеќе дигитално, а купувачите и заинтересираните страни сметаат на онлајн инструменти како помош при купувањето. Ова го потврдува и неодамнешната студија на експертската организација Dekra и Институтот за проучување на пазарот Ipsos.

Според ова четири од пет купувачи на користени автомобили користат извори на информации од интернет. Вкупно 60% од анкетираните претпочитаат дигитален контакт со дилери на користени автомобили. Во последното проучување во 2017 година, оваа бројка беше 52 проценти.

Што се однесува до дигиталните канали за контакт, електронската пошта продолжува да биде водечка со 48% (2017:46%), но посилен раст е забележан во други области – 21% сеа претпочитаат WhatsApp, додека пред четири години беше 12%. Специјалната апликација од дилер или производител на превозни средства е најпосакуваниот канал за информација при 14 проценти, а осум проценти планираат да остварат контакт преку Фејсбук.

Малцинството од 34 проценти сè уште е заинтересирано за директен и личен контакт. Пред четири години тоа беа 44 проценти. Личниот разговор на место станува сè помалку важен веројатно и поради пандемијата со коронавирусот, но сè уште е интересно решението за 25 проценти. Пред четири години беа 36 проценти.

На прашањето како дознале за сегашното превозно средство, 58% од сопствениците на користени автомобили одговараат дека тоа е направено преку интернет. За 79 проценти од анкетираните онлајн канали се важен извор на информација, 72% од сопствениците на користени автомобили изјавуваат дека добиле информација онлајн, додека 87 проценти од заинтересираните имаат намера да го сторат тоа.

Онлајн размената најчесто се користи пред да купат половен автомобил, а така е според 68% од анкетираните. Огласите исто така се оценети како најважни извори со 47 проценти. Сепак, и двете вредности значително се намалени (2017 година:соодветно 77% и 63%). И покрај тоа огласите за превозни средства го зачувуваат првото место како во однос на фреквенцијата на користење, така и во однос на важноста.

На 2. место е веб страницата на дилер на автомобили (41 %), пред интернет страната на производителите на превозни средства (30 %), специјални апликации за користени автомобили (25 %) и интернет форуми (20 %). Што се однесува до класификацијата како најважен извор, веб страната на дилерот е на второто место (12 процента), пред апликациите за користени автомобили (осум проценти), веб страните на производителите (шест проценти) и интернет форумите (пет проценти).

Истражувањата на Dekra и Ipsos демонстрираат зголемена важност на видео клиповите. Особено оние на YouTube, како на пример совети за купување или тестови за користени автомобили. Вкупно 16 проценти од испитаниците во тековното проучување изјавуваат дека користат такви видеа како извор за инормација. Тоа е трипати повеќе во споредба со 2017 година (шест проценти).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK