Ford Transit со нов 10-степен автоматски менувач oд Mustang (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford потврди дека е стартувано производсвото на новата модификација од семејството Transit, која е опремена со 10-степен автоматски менувал, кој ветува одлична комбинација меѓу економичноста на гориво и подобрената применливост.

Од Ford споделуваат, дека новата трансмисија е идеално решение за верзиите на Transit со заден погон, a оптималната примена е во предлозите за снабдување, специјализираните транспортни решенија, моторните возила и минубус верзиите на Transit со 15 и 18 седишта.

Новиот автоматски менувач за Transit е внатрешен развој на Ford и во моментов е присутен во опремата на Ranger, F-150 и Mustang, каде се нуди подобрена економичност на гориво кај модификациите на моделот, опремени со дволитарскиот EcoBlue HDT дизелов мотор во верзија со моќност од 170 коњски сили.

Дополнителната економичност на гориво освен благодарение на адаптивната програма за менувачи на брзина исто така доаѓа и како резултат на оптимална конфигурација на менувачот со програма за автоматско гасење/стартување (Auto Start-Stop) на моторот при употреба на интензивен сообраќај.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK