Не е Wizzair… Ова се најдобрите нискoбуџетни авио компании во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Откако се воведоа нискобуџетните авионски линии од Македонија најголемиот дел на граѓаните ги користат за патување по Европа. Секоја година има нови линии, и се зголемува бројот на патници. Иако во Македонија сите знаат за Wizzair, во Европа постојат повеќе нискобуџетни компании кои се и многу подобро рангирани, но за жал ги нема на дестинации до и од Македонија.

На авио шоуто во Париз, Skytrax го претстави својот годишен рангкинг на најдобрите светски авиокомпании за 2019 година. Наградите се сметаат за меѓу најпрестижните во воздухопловството, бидејќи се засноваат на мислењата на патниците.

Заедно со најдобрите 100, Skytrax е исто така рангирана по категории и по региони. Индивидуалните рангирања има и за нискобуџетните авиокомпании.

Оваа година AirAsia беше објавена како најдобра нискобуџетна авиокомпанија во светот. Но, постои и посебно рангирање за Европа.

Дознајте кои авиокомпании се во Топ – 10 на најдобрите нискотарифни превозници на Стариот континент.

Со некои од нив сигурно сте патувале. Но, најголемиот дел ги нема на нашит воздушен простор. Ако треба да патувате некаде побарајте ги овие авио компании.

1. EasyJet

2. Norwegian

3. Ryanair

4. Eurowings

5. Vueling Airlines

6. LEVEL

7. Jet2.com

8. Wizz Air

9. airBaltic

10. Pobeda

Следете не и на:

24AUTO NETWORK