BMW направи копија на легендарната патека Монца

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител BMW направи невообичаен подвиг – целосна копија од легендарната италијанска патека Монца.

Тимот од 50 лица, деноноќно работеа во Сахара каде успеаа да направат реплика во оригинални димензии од патеката во Монца. Причината за создавањето на оваа патека е поради тестирањето и снимањето на рекламата за новата генерација на BMW X5.

Како сето тоа изгледаше можете да погледнете на видеото прикажано во продолжение.

Инаку легендарната патека во италијанскиот град Монца е изградена на 3 септември 1922 година и во целиот изминат период на оваа патека се одржуваа бројни тркачки настани од италијанското Гранд При, Формула 1 и многу други настани. Рекордот на оваа патека го држи бразилецот Рубенс Баричело кој во 2004 година со неговиот болид Ferrari извозе круг за време од 1:21.046 минути.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK