Технолошки трендови кои ќе ја одбележат автомобилската индустрија

ОБЈАВЕНО НА:

Секоја нова генерација на автомобили носи нешто ново така што постојано се појавуваат новитети. Се работи за нови системи кои помагаат побезбедно да се управува автомобилот, а исто така и за нови елементи во автомобилот кои овозможуваат поудобро возење.

Главните технолошки трендови во автомобилската индустрија се напредните екрани кои се чувствителни на допир, „црните кутии“ и новите безбедносни системи во автомобилите.

Исто така тука се и V2X комуникацијата, автономното возење, како и „car sharing“ или услугите за „делење“ на возилата.

1.Екрани чувствителни на допир

Оваа технологија станува пазарен стандард и веќе е вообичаена во современите возила. Во моментов потрошувачите очекуваат LCD екраните чувсвителни на допир да се карактеризираат со висока резолуција.

Во годините кои доаѓаат, стандард ќе биде употребата на шофершајбната како главно место за прикажување на сите информации односно решението кое се нарекува „head up“ дисплеј (HUD). Тој на возачите ќе им овозможи автомобилот во исто време да ги проверуваат податоците без да го тргнат погледот од патот, што ќе ја зголеми безбедноста и на возачот и на патниците.

Со користењето на технологија за проширена реалност, на шофершајбната ќе се прикажуваат информации и предупредување за случувањата во сообраќајот како што се пешаците кои се движат преку коловозот или одржување на безбедна одалеченост од други возила.

2. Црни кутии“ и нови безбедносни системи во автомобилите

Новите правила за системите за безбедност во возилата (кои во моментов ги развива Одборот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите во Европскиот парламент) ќе стапат на сила најдоцна до 2022 година.

Исто така за произведувачите на автомобилите вградувањето на „црните кутии“ ќе стане стандард. „Црните кутии“ ќе морат да овозможат информации во период од 20 секунди пред несреќата.

Покрај тоа, ќе се разиваат и други безбедносни решенија како што е системот за детекција на пешаци или автоматско подесување на брзината на возилата на основа на сообраќајните ограничувања (таканаречен ISA систем).

3.V2X комуникацијa

Комуникациската технологија V2X (возило кон околината) во моментов е брзорастечки сегмент во автомобилската индустрија. Решенијата засновани на оваа технологија ќе му овозможат на возилото комуникација со кој било уред со помош на посебни преносни модули и сензори.

Тоа ќе обезбеди комуникација меѓу две и повеќе возила (V2V), потоа меѓу возила и елементи на инфраструктурата како што е на пример идентификацијата на сообраќајни знаци (V2I), комуникација на возилата со електронска мрежа (V2G) како и возила со луѓе (V2P).

4.Автономно возење

Автомобилите кои можат да минат одредена маршрута без интервенција на возачите и да изведат неопхони маневри (на пример: кочење, запирање, паркирње…) повеќе не се научна фантастика туку стануваат реалност која ја тестираат автомобилските компании, но и IT гигантите.

5.„Carcsharing“ или услуиги за делењето на возилото

Овие сервеси се состојат од давање на услуги на корисниците на возила со паричен надоместок. Благодарение на мобилните апликации, корисниците имаат пристап до возниот парк на автомобилот кои можат да се изнајмат на минути или на часови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK