Honda бара работниците да ги вратат парите

ОБЈАВЕНО НА:

Американските медиуми пишуваат за необичен случај од фабриката на Honda во државата Охајо. По првичното пријатно изненадување и добивањето на бонус na платаta, тамошните работници биле изненадени кога добиле известување дека дел од парите треба да му вратат на работодавецот. Имено, констатирано е дека им биле исплатени преголеми суми на бонуси.

Раководството на фабриката им постави ултиматум на работниците: или доброволно ќе ги вратат парите, или сумата ќе им биде одбиена од следната плата. Работниците се во шок, пренесува NBC4, а многумина веќе ги потрошиле парите.

“Не многу луѓе можат да се справат со ваков удар. Го прашав сопругот дали ова е најголемиот бонус што го добил, дали му е чудно. А тој рече дека тоа не е најголемиот бонус што го добил”, рекла сопругата на еден од работниците на Honda кој треба да врати стотици долари. „Тоа е сумата за автомобилот, тоа е половина од нашата хипотека, така што тоа се две или три недели намирници. Тоа се многу пари за нас“, изјавиla таа за NBC4.

За случајот коментираат правни експерти. Тие се согласуваат дека можеби не е учтиво да се бара враќање на преплатените бонуси, но тврдат дека Honda има право да го стори тоа. Прашање е само дали и вреди да ги бара тие пари на суд, како и да крева врева за нешто што нема да биде добро прифатено во јавноста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK