Германиja воведува патарина за камиони – дел ќе се користи за развој на железницата

ОБЈАВЕНО НА:

Германија ја проширува наплатата на патарините за товарни возила и од ова очекува дополнителни 30 милијарди евра за одржување и развој на патната и железничката мрежа.

Бундестагот во петокот ги усвои измените на законот за патарина со кои од декември се воведува дополнителна такса за CO2, а од јули следната година оваа обврска ќе се воведе и за лесни камиони со носивост над 3,5 тони.

Сега данокот го плаќаат само возилата со носивост поголема од 7,5 тони.

Дополнително, со претстојните прописи се менува и намената на средствата, односно дел од парите од патарините ќе одат во сојузниот буџет за инвестиции во германската железничка мрежа.

Инаку, околу половина од приходите од патарините оди во буџетот на Федерацијата. Годинава во буџетот за одржување на патната мрежа ќе се слеат околу осум милијарди.

Во 2005 година, Германија почна постепено да наплаќа патарини за камиони. Проектот на претходните германски влади за воведување патарини за приватни возила исто така пропадна во 2019 година поради судир со европското законодавство.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK