LEXUS со нови детали за својот иден електричен спортски автомобил (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Lexus објави нови фотографии и видеа од својот иден целосно електричен спортски автомобил, кој беше најавен кон крајот на минатата година од Акио Тојода за време на специјален настан кој откри детали од стратегијата за електрификација на марката.

Од Lexus велат дека новиот спортски автомобил ќе биде дел од гамата од 100% електрични (BEV) модели – Lexus Electrified, кои ќе бидат лансирани на пазарот до 2030 година. Без да навлегува во повеќе детали, Lexus вели дека електричниот спортски модел ќе го носи духот на логото LFA.

New LEXUS sports car

Сепак, брендот споделува и интересни вести за динамичните и брзи перформанси кои може да се очекуваат од новиот електричен автомобил, поточно забрзување од 0 до 100 km/h за нешто повеќе од 2 секунди и слободен домет од над 700 km, благодарение на неговиот интегриран SSB (батерии во цврста состојба) батериски ќелии.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK