Од ноќеска ќе има нови малопродажни цени на нафтените деривати откако Регулаторната комисија за енергетика и води ги објави цените што ќе важат оваа недела. Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68, а Екстра лесно масло за домаќинства (ЕЛ-1) за 67 денари за литар.
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалувените референтните цени на светските берзи во изминатите седум дена во просек за 4,081 отсто кај бензинот и зголемените за 0,276 отсто кај дизелот, како и за 0,493 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.