Citroen C1 заминува во историјата – причините се “еколошки“

ОБЈАВЕНО НА:

По 16 години континуитет во понудата на Citroen, моделот C1 и повеќе од сигурно извози до својот крај. Ова го потврди извршниот директор на компанијата Винсент Коби.

Причината за означувањето на крајот на овој модел произлегува од строгите еколошки регулативи кои е невозможно да се исполнат. „Тој сегмент прави притисок на околината. Речиси е невозможно да се продолжи“ изјави тој.

Оваа одлука беше очекувана уште минатата година кога PSA Group се одлучи да ја продаде фабриката во Колин, Чешка, каде заедно со Toyota Motors Europe ги произведуваа моделите Citroen C1, Peugeot 108 и Toyota Aygo.

Иницијалниот дизајн е дело на Донато Кок, италијански дизајнер кој е познат и по дизајните на Ferrari 458, Ferrari F430, Ferrari 599XX како и Ferrari California.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK