Почна скијачката сезона во Банско – ова се цените на ски картите

ОБЈАВЕНО НА:

Пампорово се откажа од официјално отварање поради немање на снег, а Боровец ја отвара сезоната на 23 декември.

Банско во Бугарија е најпопуларниот скијачки зимски центар за Македонците, а од денеска се отворени и ски терените во овој центар. Поради топлото време и недостаток на снег, до 19 декември ќе има попуст на ски картите. Во моментов има пуштено само четири патеки, и затоа и цените се намалени.

За возрасни, цената на дневните ски карти изнесува 30 лева, за ученици/студенти е 27 лева и за деца од 22 лева. Сезонската карта во Банско е 1500 лева и 1400 за млади.

Пампорово се откажа од официјалното отворање на сезоната и само делумно ја отвори својата скијачка област. Поради топлото време, компанијата сопственик на терените успеа да се подготви само дел од скијачките патеки. До 21 декември, ски лифтот ќе биде со повластени цени. Билетот е заеднички за скијачките области во Пампорово и Мечи Чал. Во одморалиштето се чека на снег, што ќе им овозможи да се подготват сите работи. Очекувањата се активно да работат од следната сабота.

Боровец ќе ја отвори зимската сезона 2017/18 на 23 декември. Цените за еднодневните билети за лифтовите не се менуваат. За еден ден скијачите ќе плаќаат 55 лева за возрасни, 30 лева за дете до 13 години и 40 лева за млади помеѓу 14 и 22 години и пензионери. Билетите за ски лифтот за една недела е по цена од минатата година – 325 лева за возрасни, 180 лева за деца до 13 години и 234 лева за млади на возраст од 14-22 години и пензионери.

Оваа година за првпат се лансира сезонски дневна карта за ски лифтови кои вклучуваат дневни и ноќни возења од понеделник до петок по цена од 500 лева за возрасни и 300 лева по дете.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK