Горивата пак поскапуваат!

ОБЈАВЕНО НА:

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за еден денар за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 0,5 денари за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 72 денара, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63,5, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени во изминатиот седум дена на светските берзи во просек за 3,506 отсто кај бензинот и за 3,108 отсто кај дизелот, како и за 0,724 отсто понискиот курс денарот во однос на доларот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK