Стефановски ќе стартува од 4 место на TCR Italy

ОБЈАВЕНО НА:

Игор Стефановски ќе стартува од вториот ред на утрешната трка од TCR Italy што се вози на Имола во Италија. Нашиот возач во квалификациите имаше четврто најдобро време, и се до последните моменти од квалификациите беше и третопласиран. Стефановски ќе стартува од вториот ред заедно со Русинот Евгени Леонов.
На првите две места се Микел Аскона од Шпанија и Кевин Чекон од Италија.

Во квалификациите Стефановски имаше второ најдобро време во првите два сектори од патеката, но во вторите два секотори беше доста побавен и тоа беше причината зошто е само четвртопласиран. Но, и покрај тоа Стефановски одново покажа дека има квалитет и знаење, па на двете трки викендов сигурно ќе биде во конкуренција за повисок пласман, па и подиум.

Дека е во добра форма Стефановски покажа уште на вториот слободен тренинг кога постигна второ најдобро време, зад Аскона. Потоа неколку часа подоцна дојдоа квалификациите.

Во генералниот пласман сезонава во TCR Italy, Стефановски е на 6. место со 77 бода, а најмногу освои на првата трка на Монца на почетокот на сезоната. Тогаш исто така стартуваше од 4. место и беше четвртопласиран на првата трка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK