Alfa Romeo генерален спонзор на “1000 Miglia 2020”

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo е генералниот спонзор на традиционалната “1000 Miglia” трка, соопштуваат од италијанскиот производител.

Оваа легендарна трка ќе се вози следната година од 13 па се до 16 мај, традиционално, од Бреша до Рим и назад.

На 38. издание на оваа трка, Alfa Romeo покрај финансиска помош, на располагање ќе ги стави своите возила, но исто така ќе претстави и бројни легендарни модели од 50-те и 60-те години од минатиот век.

Оваа трка за прв пат се одржа во 1927, а последната во оригиналната форма се одржа во 1957 година кога победи Пјеро Таруфи со Ferrari 315 S. Најголем дел од победниците на оваа трка возеле автомобил од Alfa Romeo, па оттука не треба да е чудно зошто токму Alfa Romeo е генерален спонзор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK