Вака би можело да изгледа новата Alfa Romeo Spider

ОБЈАВЕНО НА:

Со формирањето на Stellantis, беше потврдено дека Alfa Romeo ќе биде брендот кој ќе добие бројни инвестиции со цел враќање на легендарниот бренд на старите патеки.

Моделот Spider зазема значајно место во историјата на Alfa Romeo па оттука враќањето на славата не би можело да се замисли без лансирање на новата генерација на овој модел. Токму последен во низата рендери кој може да се најде на интернет е оној за Alfa Romeo Spider.

Истиот кој секако е неофицијален, ја напушта дизајнерската филозофија аплицирана кај најавениот модел Tonale, но и повеќето рендери за новата генерација на Giulietta и се потпира на онаа аплицирана кај Giulia и Stelvio.

Инаку овој легендарен модел во понудата на Alfa Romeo беше дел во периодот од 1966 до 1993 година продавајќи се при тоа во над 100 илјади примероци во сите четири генерации.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK