Во Мексико се продава седан изведбата на BMW серија 1

ОБЈАВЕНО НА:

Иако пред само неколку месеци BMW објави дека седан верзијата на Серија 1 ќе се продава во Кина, сега германскиот прозиводител и официјално потврдува дека овој модел ќе биде понуден и во Мексико.

Седан изведбата на Серија 1 која во хечбек изведба е присутна на европскиот пазар, во Мекико ќе се нуди по цена од 24.561 американски долар што е за околу 2.200 американски долари помалку од цената на основниот модел на серија 3.

Оваа цена се однесува за основниот модел кој рсполага со 1.5 литарски турбо бензински мотор со 136 КС и максимални врежи од 220 Nm. Три цилиндричниот мотор распоалга со шест брзински автоматски менувач и при тоа овој модел достигнува максимални 212 km/h.

За сега нема никакви информации околу можноста овој модел да се појави и на други пазари, а според шпекулациите, овој модел најверојатно ќе биде понуден и на другите пазари од Централна и Јужна Америка, Југоисточна Азија и Африка додека во Европа и САД нема да биде понуден.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK