Што подготвува Dacia? Го ангажираше дизајнерот на Aston Martin

ОБЈАВЕНО НА:

Крајно неочекуван трансфер се случи во светот на автомобилизмот. Романскиот производител Dacia успеа да го ангажира Мајл Нирнбергер, долгогодишниот дизајнер на Aston Martin.

Се работи за доста квалитетен и ценет дизајнер кој својата кариера ја започна во Citroen и Peugeot, па помал период работеше како дизајнер во Ford Motors за од 2008 година па до оваа година работи како директор за дизајн на Aston Martin.

Нирнбергер во Dacia исто така ќе седне на директорската позиција на секторот за дизајн и тоа од 1 септември кога ќе ја преземе должноста од Алехандро Месонеро кој во април годинава премина во Alfa Romeo.

Овој трансфер на Нирнбергер во целост го изненади автомобилскиот свет пред се поради фактот што од активно работење на дизајните на DBX, Lagonda и Valkyrie сега ќе се префрли на дизајните на Duster, Sandero, Logan…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK