Олабавија мерките од карантин – се зголемија казните во сообраќајот

ОБЈАВЕНО НА:

Со олеснувањето на мерките за движење се повеќе луѓе го користат периодот за шетање, но забораваат дека се засилени контролите во сообраќајот. Полицијата секојдневно „лови“ голем број на прекршители, а во текот на вчерашниот ден (недела, 16 мај) на територијата на Македонија за санкционирале 504 возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од овие 504 возачи, петмина се движеле со брзина поголема од 70 км. од дозволената, а 16 возила со брзина над 50 км/ч. повеќе од дозволеното.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 110 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се девет санкции за нерегистрирани возила, четири за некористење сигуносен појас, 20 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK