Рекорд на Volvo: За четврт век произведени милион камиони (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во период од 25 години биле произведени еден милион камиони од легендарниот модел Volvo FH и тоа од неговата промоција во 1993 година до денес. За четврт век направена е технолошка револуција кај тешкотоварните возила и тоа од иновациска концепција на кабината, па преку решенијата за безбедност и грижа за возачот до постојани иновации со грижа за околината и зголемување на продуктивноста.

Volvo FH е единствениот модел, кој ја има добиено трипати титулата „Товарно возило на годината“ и тоа во 1994, 2000 и 2014 година.

Првата верзија е базинара на новата шасија, чиј динамичен дизајн, дозволува создавање на флексибилни решенија за различните транспортни апликации. Сето ова е со јазен бизнис фокус, вклучувајќи ја и аеродинамиката, која води кон економија на горивото, иновациска линија за напојување и моторна сопирачка Volvo.

Најголемиот успех е новата кабина. Таа е изработена после истражување во кое Volvo Trucks вклучува над 1500 возачи. Конечниот резултат е побезопасна и конфорна кабина за возење, одмор и сон.

Кабината мина низ три дополнителни обновувања во периодот меѓу 1993 и 2008 година, а во 2012 година беше претставен целосно новиот Volvo FH. Тој е целосно нова кабина со вграден климатски систем I-park Cool, која ја дава потребната комоција. Воведувањето на функцијата Volvo Dynamic Steering во 2013 година дозволува полесно, побезбедно, постабилно и прецизно управување, кое во исто време го намалува притисокот и професионалните трауми кај возачите како надоврзување на постојаниот притисок.

Уште од првиот ден Volvo FH прерасна во лидер во однос на безбедноста. Во 1995 година Volvo Trucks е првиот производител на товарни возила, кој почна да користи и воздушни перничиња. Во 1996 година моделот воведува и систем за апсорбирање на енергијата при директен удар, деценија пред да прерасне во законско барање.

За време на изработката, товарното возило се подложува на илјада симулации за безбедност при удар и на над 100 реални краш тестови. Столбовите и вратите се направени од двостепен челик, а панелите на кровот се направени од најсилниот познат челик досега. На тој начин сите детали за внатрешната и надворешна конструкција работат заедно за да го направат Volvo FH најбезбедото товарно возило на Volvo Trucks до денес.