Нема правда: Наместо отштета за дизелгејт – само продолжена гаранција од Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Сите сопственици на VW возила во САД што се инфицирани со спорниот софтвер што го регулира нивото на издувни гасови добија отштета за тоа што биле излажани од производителот. Некои дури и ги вратија возилата и си ги добија парите назад, То аго чинеше милијарди VW, но поважно беше да се сочува угледот.

За разлика од САД во Европа не важат истите правила за VW, па наместо отштета сопствениците на ваквите возила ќе добијат само продолжена гаранција од компанијата. Регулаторите на ЕУ потврдија дека постигнале договор со производителот за дополнителни две години гаранција што ќе им се понуди на сопствениците.

Според договорот во период од 24 месеци откако дизелските возила ќе бидат поправени ќе важи гаранцијата и о тој период компанијата се обврзува да ги поправи сите проблеми, но без било каква финансиска отштета. Иако имало преговори, не бил постигнат план сличен на оној во САД каде сопствениците можеа да добијат и до 10.000 долари отштета.

Иако од ЕУ изразиле разочарување поради фактот што VW не понудил финансиска отштета, сепак и ова е позитивен сигнал и чекор напред.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK