Македонски софтвер ќе се вградува во Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Македонски софтвер наскоро ќе се вградува во автомобилите на Tesla. Ова го потврди Роберт Милески, основачот и првиот човек на ИТ компанијата Introcode Technologies.

“Да се пофалам – мојата компанија Introcode стана стратешки партнер на Тесла. Отсега софтвер “Made in Macedonia” во нивните производи и во една од технолошки најнапредните компании во светот.” напиша на својот Фејсбук профил Милески.

За каков софтвер станува збор односно кој дел од софтверот на Teslа ќе го изработува останува непознато.

 

Инаку Introcode Technologies е македонска ИТ компанија која е со седиште во Бад Рајхенхал, во близина на Берлин, Германија. Оваа компанија нуди услуги во развој на софтвер, како и ИТ-администрација, ИТ-консалтинг и ИТ-безбедност, со што успешно го спроведува знаењето стекнато со долгогодишно професионално искуство, стои во описот на компанијата на официјалната интернет страница.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK