Ова е најубавата камионџика во светот (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Рино Сасаки, 21-годишна Јапонка стана ѕвезда во татковината управувајќи огромен камион. Во оваа професија доминираат речиси целосно мажите, а Рино Сасаки ги освои срцата на стотици илјади обожаватели поради младоста, умот и – се разбира – убавината кои ги користи вешто во бизнисот.

До пред 7 години Рино се занимавала со традиционални јапонски танци. Била среќна, но тешко ги поднесувала долгите отсуства на татка си – кој бил професионален возач. И еден ден решила да патува со него секогаш кога имала можност.

Денес, Сасаки патува по 200.000 километри годишно со нејзиниот Volvo и станува се повеќе популарна во Јапонија, благодарение на социјалните мрежи и нејзиниот блог. Таа, исто така, сака да ги охрабри другите жени да го следат примерот.

Рино ја промовира својата професија. Единственото нешто што не му се допаѓа е недостатокот на опрема со помали димензии. Ракавици, работни чевли – сето е премногу големо за жена и најубавата камионџика во Јапонија сонува производителите да го променат тоа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK