Alfa Romeo го претстави болидот за новата сезона во Формула 1

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на новата сезона во Формула 1 шампионатот која започнува со трката за големата награда на Бахреин на 28 март, италијанско-швајцарскиот конструктор Alfa Romeo Racing Orlen, го претстави болидот.

Станува збор за болидот C41 кој во целост се базира на болидот C39 кој се користеше минатата сезона. На презентацијата која се одржа во Варшава, присуствуваа и двата возачи, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.

“Претставувањето на нов болид секогаш е емoтивно бидејќи претставува врв на неколкумесечните напори на сите луѓе во фабриката, но и го означува почетокот на новата авантура” изјави Фредерик Васур, првиот човек на овој тим. За прв пат овој болид, Раиконен и Џовинаци ќе го возат уште овој викенд на тестирањето во Барселона, а од 12 март стартуваат и официјалните тестирања.

Италијанскиот бренд се врати во Формула 1 шампионатот во 2019 година, по пауза од 34 години. Изминатите две сезони во конкуренција на конструктори заврши на идентично осмо место.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK