Редизајн за Skoda Rapid и плус нов 1.0 литарски TSI мотор

ОБЈАВЕНО НА:

По редизајнот на моделот Octavia, сега на ред за разубавување доаѓа Rapid. Skoda ги покажа првите фотографии на фејслифт верзијата на моделот Rapid, каде компанијата решила да игра на сигурно. Најголемата новост е 1.0 литарскиот TSI мотор со 95 КС, односно 110 КС, а го заменува досегашниот 1.2 литарски агрегат.

Новиот модел ќе биде претставен на саемот во Женева. Новиот мотор ќе забрзува до 100 км/ч за 11 секунди, а ќе троши 4,4 литри и ќе испушта 101 г/км. ЦО2. Посилната верзија ќе забрзува за 9,8 секунди, ќе троши 4,5 литри и ќе испушта 104 г/км. ЦО2.

Другите мотори што ќе се нудат се 1.4 литарски TSI ос 125 КС, и ист 1.4 литарски TDI со 90 КС, како и посилна дизелска верзија со 116 КС што ќе се добиваат од 1.6 литарски TDI мотор.

Во однос на дизајнот најмногу се истакнуваат новите дневни светла, и малку поинаков преден браник и плус светла за магла. Во понудата има нови поклопци за тркалата кои се нудат со димензии од 15 до 17 цола.

Промени има и во внатрешноста, како нови отвори за вентилацијата и нов мултимедијален систем со поголем екран со тачскрин опција. На патниците ќе им се нуди и WLAN хотспот. Исто како и новата Octavia, така и Rapid нуди мноштво на технолошки и безбедносни системи како сиспем за прпеознавање на препреки на патот, систем за автоматско сопирање.

Нова апликација е Skoda Connected што на сопствениците им овозможува проверка на одредени информации преку мобилниот телефон. Така на пример може да провери нивото на гориво и автомобилот.