Американскиот автомобилски гигант Ford Motors ќе мора да започне со постапката за повлекување на околу 154.000 автомобили на домашниот пазар. Причината за ова повлекување лежи во можниот проблем со воздушните перничиња кои поради аномалија може да работат неправилно, пренесуваат американските медиуми кои се повикуваат на NHTSA.
Од Ford соопштуваат дека најгоелм дел од спорните возила се од моделите Ford Ranger, Ford Mustang, Ford Fusion и Ford Edge. Оттаму додаваат и дека потенцијално неисправните воздушни перничиња досега не биле причина за повреда или судар и дека повлекувањето е од превентивен карактер.
Со ова повлекување NHTSA и натаму продолжува активно во новата година да издава налози за повлекување на возила. Претходно истото го нареди и на други производители.