Внимание: Радарите во Хрватска ќе препознаваат и македонски регистрации

ОБЈАВЕНО НА:

Хрватската полиција поставува нови куќички крај патото во кои ќе има камери задолжени за снимање на сообраќајните прекршоци. Но, интересно е дека тие камери ќе може да ги препознаваат и регистарските таблички на македонските возила.
Ќе се снимаат до шест брзи возила одеднаш, и покрај регистерските таблички на државите од ЕУ системот ќе ги препознава и оние од земјите на БиХ, Србија, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Значи нема бегање ако направите прекршок во Хрватска и тоа биде снимено на камера. Најмногу радари ќе има поставено на Јадранската магистрала и Подравската магистрала (автопатот Белград – Загреб)

Во Хрватска дозволената брзина на автопатот е 130 км/ч. а полицијата знае да толерира некој километар повеќе, но постојат многу „возила пресретнувачи“ кои ги ловат несовесните возачи. Ако претерате, тогаш сигурно ќе ве стигне неко необележано возило кое е побрзо од вас иако вие веќе возите повеќе над дозволеното.

Слично е и во Србија, каде постои систем на пресметување на просечната брзина меѓу две наплатни рампи. Се пресметува за колку време е измината делницата и доколку е над дозволената брзина, тогаш полицијата ги казнува возачите. Ова засега функционира само на делницата меѓу Белград и границата со Хрватска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK