Volkswagen ја зголемува инфраструктурата за полнење – отвара нови 750 станици во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen објави дека почнува значително ширење на инфраструктурата за полнење на територијата на комплексите во Германија, а за следната година се планирани нови 750 станици за полнење. Тука се вклучени и првата ултра-брза станица на гигантот со капацитет од 300 kW.

Од Volkswagen коментираат дека компанијата очекува да ја достигне бројката од околу 2.000 станици за полнење до крајот на следната година, што би претставувало зголемувње од над 50% во споредба со актуелната ситуација.

Во моментов, на територијата на десетте производствени комплекси на Volkswagen во Германија функционираат повеќе од 1.200 пунктови за полнење на електромобили, а голем дел од нив се достапни и за сопственици на електромобили надвор од компанијата.

Само во изминатите 12 месеци, од компанијата отчитуваат повеќе од 50.000 сесии за полнење на територијата на своите капацитети, а неопходната електрична енергија била целосно од обновливи извори.

Од Volkswagen планираат и сериозно зголемување на станиците за полнење на територијата на своите продажни комплекси во Германија, а во блиска иднина еден од нив ќе нуди минимум два пункта со 11kW и 22 kW.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK